9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Четири лица загинаа во поплавите во Турција

Најчитани вести

Четири лица загинаа во поплавите што го погодија Кастомон во турскиот регион Црно Море, а едно лице се смета за исчезнато, објави Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби.

Турција со денови се бори со катастрофални пожари на југот, а поплавите ги погодија црноморските провинции Бартин и Синоп.

Властите соопштија дека хеликоптерите продолжуваат да ги евакуираат луѓето во погодените региони, наведувајќи дека некои патишта се затворени поради оштетени или урнати мостови.

Телевизиските снимки покажуваат како поплавите носат десетици автомобили и куп ѓубре низ улиците.

Обилните врнежи во регионот ќе се намалат во текот на утрешниот ден, објави турската метеоролошка управа.

Северот на Турција е подложен на поплави во лето поради обилните дождови што паѓаат во тоа време. Најмалку пет лица загинаа во поплавите во регионот минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com