Четири лица загинаа во пожар во дом за стари и изнемоштени лица во Варна, Бугарија, соопшти локалната полиција.
Меѓу загинатите се тројца мажи на возраст од 70 до 73 години и една 88-годишна жена, пренесоа бугарските медиуми.
Од домот се евакуирани 20 луѓе.
Полицијата ги истражува причините за пожарот. Началникот на полицијата во Варна, Атанас Михов изјави дека 53-годишен штитеник на домот за стари лица е осомничен дека го подметнал пожарот.