17.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Четири години од смртта на сириското момче Ајлан

Најчитани вести

На плажата во Бодрум беше одбележана четвртата годишнина од трагичната смрт на момчето Ајлан Курди, така што учесниците на настанот го напишаа неговото име со цвеќиња.

Покрај многубројни граѓани, на одбележувањето на годишнината од смртта на Ајлан присуствуваа и режисерот Омер Сарикај и продуцентот Бахатин Озтурк на филмот „Бебето Ајлан“, инспириран од неговата трагична судбина, соопшти турски „Дејли сабах“.

Фотографијата на удавеното тригодишно сириско момче пронајдено на плажа во Бодрум на 2 септември 2015 година по превртувањето два чамца со бегалци ја потресе Европа.

Тригодишниот Ајлан се удавил со својот постар брат и мајка.

Абдалах Курди, таткото на момчето, единствениот преживеан од несреќата, ги погреба своите синови еден покрај друг на церемонијата на мачениците во Кобане во близина на границата со Турција и порача дека се надева оти смртта на членовите на неговото семејство ќе ги поттикне арапските земји да им помогнат на сириските бегалци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести