Home » Четири години од несреќата кај „Ласкарци“ со 16 жртви – правда и натаму нема

Четири години од несреќата кај „Ласкарци“ со 16 жртви – правда и натаму нема

by Журнал.мк

Гостивар вечерва го одбележа еден од најтемните денови во својата историја – трагедијата кај Ласкарци! Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари сподели фотографии и напиша дека општеството трба да се мобилизира за да не се повтори таква несреќа.

„Сеќавајќи се да не заборавиме, а особено да апелираме до сите надлежни органи и општеството воопшто за мобилизација, за да никогаш не ни се повторат вакви случаи, симболично во 17:45 часот запаливме 16 светла во спомен на овој страшен настан каде се загубија 16 невини животи. Настанот се одржа во Меморијалниот парк на гостиварскиот плоштад, каде беа засадени 16 дрвја и беа поставени табли со имињата на 16-те жртви“, напиша Таравари.

Автобусот на компанијата „Дурмо Турс“, на 13 февруари во 2019 година тргна на редовна линија кон Гостивар од скопската автобуска станица. Во автобусот имаше 51 патник. По половина час возење, изгуби контрола и излета од патот во близина на Ласкарци, преминувајќи го автопатот, за на крај да се преврти и падне на локалниот пат кај селото.

Во несреќата животите ги загубија; Ерза Османи, Арсе Арсоски, Ферди Касо, Дејан Ристоски, Бесим Фетаи, Трпана Јаневска, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бобан Аврамовски, и Павле Костоски.

За овој случај во тек е судски процес во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети се шест лица за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Година дена се чекаше супервештачење, а последните рочишта се одложија оти се разболел вештакот. Роднините и блиските на загинатите, четврта година чекаат правда.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk