23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Четириесет и девет пациенти на дијализа починале од коронавирус

Најчитани вести

Четириесет и девет пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од корона вирусот што е за околу пет проценти повеќе во споредба со морталитетот што е забележан на годишно ниво кај овие пациенти.

– Од 1608 пациенти кои одат на дијализа, 288 биле позитивни на ковид-19, а од нив 49 се смртни случаи што е околу 17 проценти. На годишно ниво, морталитетот кај овие пациенти е околу 10-12 проценти што е за околу пет проценти повисок морталитет заради пациентите кои биле ковид позитивни – истакна вечерва доктор Гоце Спасовски од Клиниката за нефрологија во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во однос на пациентите кај кои е извршена трансплантација, доктор Спасовски информира дека од 228 пациенти, 17 биле позитивни, а тројца ја изгубиле битката со вирусот.

– Во тотални бројки, од бубрежно болните, вкупно позитивни биле 305 пациенти, а 52 се починати што е околу 16,7 проценти – подвлече Спасовски.

Докторот упати апел до пациентите да се вакцинираат со која било вакцина, бидејќи, според него, сите се безбедни.

– Пожелно е со која било вакцина да се вакцинираат. И да прележале ковид, тие немаат доволно развиен имунитет, ниту во клеточниот имунитет, ниту во оној со антитела за да може да кажеме дека ќе останат безбедни. Значи, тие и по месец дена од прележан ковид повторно треба да се вакцинираат – нагласи доктор Спасовски од Клиниката за нефрологија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести