Четиригодишно дете било прегазено со трактор во село Двориште, Берово. Според информациите на МВР, детето со тешки повреди било пренесено во Медицинскиот центар Штип.
Несреќата се случила вчера околу 15:30 часот, пред мостот на Дворишка река. М.Т.(49) управувал трактор „фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца. Едно од децата на четиригодишна возраст паднало и било прегазено со десното тркало.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Берово за укажување лекарска помош, а потоа во Медицинскиот центар Штип.