Прилеп, 13 декември- Вчера утро околу 6.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, на крстосницата на улицата „Пролетерска“ со магистралниот пат за Росоман, се случила сообраќајна незгода помеѓу камион „мерцедес“ управувано од Д.З. (45) од Штип и автомобил „фолксваген шаран“ управувано од Д.Ч.(49) од Кавадарци.
Во незгодата повредени се возачот на патничкото возило и сопатниците С.Ф.(52) од Неготино, С.П.(38) од Кавадарци, К.Ј.(46) од Неготино и С.П.(76) од Кавадарци. Сите повредени биле пренесени во болницата во Кавадарци.