7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Четворица полицајци повредени во протестот во Мала Речица

Најчитани вести

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информира дека четворица полициски службеници се полесно повредени во денешниот протест, а од слобода се лишени две лица, 52 годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево. СВР Тетово во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, по што против инволвираните во настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Протестот тргна од плоштадот во Тетово кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, по пат имаше полициски кордони, а еден од нив беше пробиен, имаше и блиски средби со полицијата и по некоја взаемна тупаница. „Дожд” од јајца беше фрлен врз зградата на општината и други институции. Се побараа оставки и на сите министри Албанци, но и на Али Ахмети од партиската функција.

На патот кон Мала Речица протестот наиде на полициски блокади, а во самата населба имаше кордон полиција кој не дозволи луѓето поблиску да стигнат пред седиштето на ДУИ. Имаше и кратки судири меѓу поединци и полицијата, трчање низ населбата за да се избегнат кордоните.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com