Шпанските власти денеска објавија дека четири лица биле повредени во трката со бикови на улиците на Памплона.
Според Црвениот крст, три лица биле нагмечени и едно лице се онесвестило, но никој не бил прободен со рогови во трката долга 850 метри.
Трките во Памплона започнаа во неделата, оттогаш убодни рани добиле двајца Американци и двајца Шпанци.
Деветдневниот фестивал на Свети Фермин привлекува авантуристи и љубители на бикови од целиот свет.