23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Четворица во Интер се заразени со коронавирусот

Најчитани вести

Корнавирусот влезе во Интер. Четворица играчи се заразени со вирусот, поради што е одложен натпреварот со Сасуоло.

Вечера, клубот ја одложи прес-конференцијата, откако беше соопштено дека Данило Дамброзио е позитивен на вирусот. Неколку часа подоцна клубот објави дека позитивен на тестот за Ковид-19 бил и капитенот Самир Хандановиќ.

Денес, Интер, објави дека позитивни тестови имале уште двајца од тимот, Стефан Де Фрај и Матијас Весино.

Со овие четворица, бројката оние кои од почетокот на сезоната биле заразени со коронавирусот порасна на 13.

Интер викендов нема да игра против Сасуоло, а добра вест за нив е што потоа следува репрезентативната пауза. Во тој период Интер ќе може да ги консолидира своите редови.

Поради коронавирусот, Интер, не може да ги пушти играчите кои добија повик од своите репрезентации да настапат во квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести