-4 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод „Св. Климент Охридски“

Најчитани вести

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, упати честитка по повод државниот празник 8 Декември, воедно и христијански празник посветен на чествувањето на Свети Климент Охридски.

– Животниот пат на Свети Климент треба да биде пример за личната посветеност кон повисоки цели. Развојот на цивилизацијата и на човекот е одраз на умствениот и едукативниот процес. Во истиот тој развој, Свети Климент го вложил целиот свој живот и труд, преку учеството во Моравската мисија, основањето на Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија, кирилското писмо и книжевна дејност. Но пред се, Свети Климент преку својот живот и дело не учи дека најмоќното нешто што го поседува човекот е зборот. Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам големиот празник и да Ви посакам да поминете убав празничен ден, стои во честитката од претседателот на Собранието Џафери.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести