5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Чесите ја декласираа Грција, изборија пласман на ОИ

Најчитани вести

Кошаркарската репрезентација на Чешка ја комплетира листата на учесници на турнирот што ќе се игра во рамките на Олимписките игри во Токио. На турнирот во канадскиот град Викторија, Чешка во финалето ја победи Грција со 97:72.

Чесите, кои во полуфиналето го елиминираа домаќинот Канада со поените на Томаш Саторански во последните секунди, во финалето ја декласираа фаворизираната Грција.

До победата Чесите ги предводеа Патрик Ауда со 20 и Јан Весели со 16 поени.

Во своето прво учество на Олимписките игри чешките кошаркари ќе играат во А-групата со САД, Франција и Иран.

Б-група: Австралија, Италија, Германија, Нигерија

Ц-група: Словенија, Аргентина, Шпанија, Јапонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com