0 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Челси ќе може да купува во јануари, Судот за спортска арбитража им ја прифати жалбата!

Најчитани вести

Сините” добија зелено светло да пазарт во зимскиот преоден рок откако Судот за спортска арбитража им ја прифати жалбата и ја преполови казната која ја изрече ФИФА.

Светската куќа на фудбалот во декември 2018 им забрани на „сините“ да регистрираат нови играчи два преодни рока поради прекршување на правилата за ангажман на фудбалер од странство кои се помлади од 18 години. Во мај оваа година, ФИФА уште еднаш ја потврди казната откако ја одби жалбата на Челси, па клубот од Стемфорд Бриџ реши правдата да ја бара во Лозана.

Судот за спортска арбитража денеска ја соопшти пресудата, прифатени се аргументите на Челси, казната е преполовина на само еден преоден рок па „сините“ сега ќе можат да купуваат во јануари.

Ваквите вести се добредојдени за Френк Лампард, кој изминативе месеци мораше да се потрпе на неколку играчи од школата како Тами Абрахам, Мејсон Маунт и Фикајо Томори, кои одлично одговорија на предизвикот и прикажаа солидни партии.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести