Преговорите меѓу Јувентус и Челси за трансферот на Ромелу Лукаку донесоа пресврт, откако „сините“ покажаа интерес да го искористат белгискиот џин како „мамец“ за да го доведат Душан Влаховиќ на „Стемфорд бриџ“.
Јувентус преговараше да го доведе Лукаку на позајмица со задолжителен откуп за вкупна сума од 40 милиони евра, а директорот Џунтоли настојуваше трансферот да се заврши што подобро за Белгиецот да може да се адатира на стилот на игра во новиот клуб. Челси сега има поинаков план, па лондонскиот клуб изрази подготвеност да го испрати Лукаку во Јуве и да доплати одредена сума пари, но за возврат да го добие Душан Влаховиќ како последно парче од мозаикот што го прави новиот тренерот Маурицио Покетино.
Англиските медиуми најавуваат дека станува збор за сума од 35 милиони евра плус Лукаку, опција што секако е интересна за „старата дама“, особено ако се знае дека останатите заинтересирани клубови, ПСЖ, Баерн и Реал Мадрид во меѓувреме кренаа раце од Влаховиќ.