14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Челси најде „дупка“ во правилата за да го купи Ковачиќ и покрај забраната за трансфери

Најчитани вести

Матео Ковачиќ ќе биде првото засилување за Френк Лампард, медиумите од Англија и Шпанија пренесуваат дека Челси и Реал си подале рака за трансфер вреден околу 50 милиони евра.

„Сините“ имаат забрана за трансфери, но „дупка“ во правилата им овозможува да го купат Матео Ковачиќ бидејќи фудбалерот изминатава сезона настапуваше на Стемфорд Бриџ на позајмица и Челси ја поседува неговата регистрација.

Но зделката е возможна само доколку се комплетира до 30. јуни, па двата клуба имале интензивни преговори оваа недела и последните информации велат дека паднал договор.

Голем број на медиуми од Англија и Шпанија пренесуваат дека Челси и Реал Мадрид си подалека рака за трансфер вреден околу 45 милиони евра, кој со бонуси ќе се искачи на 50 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести