Home » Чајот од оваа билка го зајакнува целото тело, ја чисти крвта и ги лекува сите женски болести

Чајот од оваа билка го зајакнува целото тело, ја чисти крвта и ги лекува сите женски болести

by Журнал.мк

Ајдучката трева е лековита билка која е посебно корисна за нарушеното здравје на црниот дроб, слезината и панкреасот како и во случај на жолтица, треска, тахикардија, болка во грбот, нередовни менструални циклуси, несоница, разни осипи и чиреви…

Ајдучката трева ја чисти и зајакнува крвта и општо целото тело за да биде „подготвено за ајдучки подвизи“.

Ги намалува тешкотиите кај гихт и ревматизам, а поволно делува во лекување на дијабетес, особено во почетен стадиум. Ова растение лекува мигрена, крварење од носот и несвестица. Женскиот дел од популацијата особено го цени бидејќи лекува голем број проблеми поврзани со женското здравје како што се зголемен секрет, воспаление на јајници, ПМС симптоми, миоми и заболувања на матката.

Ајдучката трева може да се користи и како купка бидејќи ги отстранува болките во рацете и нозете.

Покрај примената во лекувањето, ајдучката трева е благотворна и за растенијата кои растат во нејзината околина. Имено, поради одредени супстанци во коренот на оваа билка, помеѓу кои и салицилна киселина, растенијата кои растат во нејзиното опкружување имаат поголема отпорност на разни болести.

Доколку чајот од ајдучка трева го пиете со цел решавање на некој здравствен проблем, тогаш треба да го консумирате по 3 шолји дневно пред секој оброк. За подготовка на чај, прелијте 1 лажичка ајдучка трева со 200 мл. зовриена вода, оставете да отстои 10 минути, па процедете и испијте.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More