14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Чарлиз Терон импресионира со новата улога

Најчитани вести

Популарната актерка во најновиот филм од режисерот Џеј Рош, водителката на „Фокс Њуз“ Меган Кели ја оживеа толку добро што филмските критичари по премиерата не можат да се изначудат на извонредната изведба. Таа не само со изгледот туку и со гласот совршено ја игра главната улога, поради што прогнозираат дека по 16 години може повторно да се закити со „оскар“.

Во филмот „Сензација“ кој во кината ќе се појави во декември, покрај Терон ќе ја гледаме и Никол Кидман во улогата на Гречен Карлсон, како и Марго Роби која го игра измислениот лик на продуцентката Кајла Посписил.
Терон „оскар“ за главна женска улога освои во 2004 година за филмот „Монструм“ а две години подоцна беше номинирана за улогата во филмот „Северна земја“, а по премиерата на „Сензација“ во неделата, критичарите се сигурни дека таа повторно ќе се најде во трката за престижната награда.
„Знаевме дека Чарлиз Терон со изгледот ја „оживеа“ Меган Кели во „Сензација“, но причекајте да ја слушнете како го доловува нејзиниот глас. Како вистински ASMR“ – твитна критичарот од „Њујорк тајмс“ Кајл Бјукенон, алудирајќи на Автоимуната чувствителна меридионална реакција , феномен поради кој пријатни звуци им помагаат на луѓето во опуштање, кое се нарекува и „оргазам на мозокот“.
И други критичари не можат да се изначудат на сличноста помеѓу филмската актерска ѕвезда и Кели од вистинскиот живот, а со нив се сложува и Џон Литгоу, кој во филмот го игра Роџер Ејслс, обвинет за сексуална злоупотреба.
Џин Рајли од „Варајети“ на твитер напиша како во тек на разговор со Чарлиз ѝ текнало само едно прашање – дали си сигурна дека си ти во филмот?
Таа додаде дека поради траснформацијата на гласот и напнувањето на гласните жици, Чарлиз не можела три недели да зборува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com