Хакан Чалханоглу вели дека Френк Кеси му е пријател и тие често контактираат, тој проговори и за можноста фудбалерот на Барса да му се приклучи во Интер.
Чалханоглу и Кеси играа заедно во Милан. Најпрво Турчинот замина во Интер, а потоа играчот од Брегот на слоновата коска се пресели во Барселона.
Повеќе пати имаше шпекулации за трансфер на Кеси во Интер, но тоа досега не се случи.
„Кеси ми е пријател, топ фудбалер и секогаш би бил добредојден тука. Вистина е дека контактирам со Френк. Дали би се преселил тој во Интер? Сега е во Барселона, но знае дека Интер е на исто ниво“, изјави Чалханоглу.
Френк Кеси беше еден од најдобрите играчи на Барселона на вчерашното Ел Класико против Реал Мадрид.