Home » Чави со прво се бунеше, топката мирувала повеќе од еден час на мечот Хетафе-Барса!

Чави со прво се бунеше, топката мирувала повеќе од еден час на мечот Хетафе-Барса!

by Lina Muslija

Барселона синоќа одигра 0-0 на гостувањето кај Хетафе, а по крајот на натпреварот, Чави имаше што да каже.

Тренерот упати жестоки критики на адреса на судијата, обвини за двојни аршини и имаше замерки за тоа кои стартови биле санкционирани а кои не, за недосудениот пенал во 103. минута, како и честото сецкање на играта и задржувањето на време.

„Ни нанесоа голема неправда, ова е срам за Ла Лига. Продуктот што Примера го нуди е патетичен. Не е ни чудо што никој повеќе не сака да гледа шпански фудбал. Навистина сум бесен“ – порача Чави.

И тој е во право за една работа, на „Алфонсо Перез“ синоќа се играа 116 минути, но ефективни беа само нешто над 56 минути!

Топката мирувала над еден час, односно дури 60 минути и 43 секунди! Продолжувањето на второто полувреме беше 15 минути и 25 секунди, но од овие, фудбал се играло само 5 минути и 25 секунди.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk