5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Чави: Реал Мадрид никогаш не се соочува со вакви проблеми

Најчитани вести

Барселона загуби на гостувањето кај Интер. Во финишот од мечот се случи контроверзен момент, кога судијата Славко Винчиќ не досуди пенал во корист на каталонскиот тим.

Предводникот на шпанскиот гигант Чави Хернандез не беше задоволен од арбитражата, која смета дека беше причината за поразот на неговата екипа.

„Не требаше да го загубиме овој натпревар. Заслуживме да победиме, но судијата имаше други идеи. Можам со сигурност да кажам дека Интер манипулираше со висината на тревата на теренот за да ја намали брзината на топката, што имаше влијание врз нашето додавање. Реал Мадрид никогаш не се соочува со вакви проблеми на своите натпревари. Само ние“, порача младиот стратег.

Реваншот меѓу овие две екипи е закажан за една недела на „Камп Ноу“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести