Home » Чави прецртал неколку фудбалери кои нема да ги носи во САД, познато што ќе биде со Де Јонг

Чави прецртал неколку фудбалери кои нема да ги носи во САД, познато што ќе биде со Де Јонг

by Журнал.мк

Стратегот на Барселона, Чави Ернандез прецртал неколку фудбалери кои нема да ги поведе со тимот во САД.

Барселона ќе летне на претсезонски подготовки преку океанот каде ќе одигра и неколку пријателски средби, а во тимот нема да има место за пет фудбалери од првата постава.

Мартин Брајтвајт, Оскар Мингеза, Самуел Умтити, Рики Пуџ и Нето не се прецртани од страна на Чави и нема да бидат во комбинација за тренинзи и настапи во САД.

Она што јавноста го очекуваше е одлуката што ќе биде со Френки Де Јонг, но неговото име не се најде на листата на „отпишаните“ и тој доколку не се направи некој брз напредок со Манчестер Јунајтед веројатно ќе замине за САД.

Инаку оваа инфомација би можела да биде добредојдена и за Столе Димитриевски кој во јануари не реализира трансфер во Барселона токму поради Нето кој одбиваше да си замине од Барселона и да ослободи место за нашиот репрезентативен чувар на мрежата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk