17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Чави по Дани Алвес сака во Барса да врати уште еден екс соиграч

Најчитани вести

Легендата на клубот, Чави Хернандез го презеде кормилото на Барселона од Роналд Куман и ќе има неблагодарна работа, да го „гаси пожарот“ и да ја надмине кризата. 

Веднаш по враќањето, Чави во тимот го врати и Дани Алвес, ветеран со кој освоија многу трофеи. Сепак, новиот предводник на Барселона не сака да запре тука. Следна мета на Шпанецот е уште еден негов поранешен соиграч, Тиаго Алкантара. 

Фудбалерот за врска во 2013 година по повик на Пеп Гвардиола замина од Барселона и прејде во Баерн Минхен, а од минатата настапува во Ливерпул. Сепак, Тиаго не се наметна премногу во тимот на Клоп и често е резерва. Факт е дека играта која ја негува Чави и ќе се обиде да ја наметне во Барса повеќе му одговара, па според шпански „АС“ кам-бекот е реален и многу лесно може да биде исполнет. 

На средината на теренот Чави го дочека одлична ситуација, со Бускетс, Педри, Де Јонг, младиот Гави… Сепак, тој сака да го засили тој дел од теренот со уште едно, навистина искусно име.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com