-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Чави не беше доволна инспирација за Барселона

Најчитани вести

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Англиските тимови Челси и Манчестер јунајтед, со победите над Јувентус дома (3-0) и над Вилјареал на гости (2-0), на коло до крајот на групната фаза им се придружија на Ливерпул, Ајакс, Баерн и на Јувентус во следната осминафинална нокаут-рунда во Лигата на шампионите (ЛШ).
За разлика од нив, Барселона во дебито во ЛШ на новиот тренер, клупската легенда Чави, не успеа да ја совлада Бенфика (0-0) и шансата за натамошен пласман ќе мора да ја бара во последното коло на тешкото гостување кај Баерн. За такво нешто ќе им биде потребна победа или реми, под услов Бенфика да загуби дома од Динамо Киев.
– Бенфика дојде за 0-0 и знаеше како да одигра, што е најголема причина зошто не постигнавме гол. Добро е што создаваме шанси и прашање на време е кога тие ќе се претворат во голови. Треба да продолжиме вака, имаме уште една можност во Минхен и ќе треба да ја искористиме – изјави Чави.
Младиот Јусуф Демир од Австрија, кој е на заем од виенски Рапид, на возраст од 18 години и 174 дена, стана вториот најмлад (не)Шпанец, кој започнал натпревар во ЛШ за Барселона, по Лионел Меси. Демир е петтиот тинејџер што сезонава е стартер за Барселона во ЛШ, по Педри, Ансу Фати, Гави и Нико Гонзалес.

За разлика од Чави, повеќе успех во дебито на клупата на Манчестер јунајтед имаше Мајкл Керик, кој го замени Оле Гунар Солскјер. Тој си обезбеди место во клупските анали како прв англиски менаџер што победил на првиот натпревар на клупата на Манчестер јунајтед, по Волтер Крикмер во ноември 1931 година. „Црвените ѓаволи“ го совладаа Вилјареал со 2-0 (првпат по 15 меча Манчестер јунајтед не прими гол!), си обезбедија место во осминафиналето и донекаде се реваншираа за поразот во финалето на Лига Европа (ЛЕ) ланската сезона (10-11, на пенали). „Спасител“ на Манчестер јунајтед повторно беше Кристијано Роналдо, стрелецот на првиот гол. За Роналдо тоа беше 140-ти рекорден погодок во ЛШ, односно 799-ти во клупска конкуренција за Португалија.
– Минатите неколку дена не беа лесни за никого во клубот и оваа победа изгледа како да е за Солскјер. Среќен сум што сѐ добро излезе на крајот. Кога не сте во добра форма, индивидуално и тимски, не е лесно да се излезе на терен и сѐ да биде како што треба. Моравме да покажеме карактер и да се бориме – изјави Керик, кој беше во тимот на Манчестер јунајтед што победи во ЛШ во 2008 година.


Роналдо повторно клучен за Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо (36) постигна шест од 10-те гола на Манчестер јунајтед сезонава во ЛШ. Само Руд ван Нистелрој во 2004/2005 има дадено повеќе голови за англиски клуб во групната фаза (8). Роналдо е првиот играч што постигнал гол на првите пет меча за англиски клуб во една сезона во Купот на европските шампиони (КЕШ) или ЛШ (со исклучок на квалификациите). Сезонава тој постигна 10 гола на 14 средби во сите натпреварувања, на најмалку настапи за да стигне до двоцифрена бројка во една сезона за Манчестер Ј. Голот против Вилјареал во 78. минута му беше трет за победа во последните 15 минути од натпревар во ЛШ сезонава, најмногу за кој било играч во ова натпреварување.


Левандовски вторпат дава девет гола во низа

Роберт Левандовски (33) ги даде двата гола (првиот со ножички) за Баерн на мечот против Динамо Киев (2-1), 14-ти за него на последните девет средби во ЛШ, вкупно 25-ти во сите натпреварувања. Тој е првиот играч што во два наврата постигнува голови на девет дуели во низа во ЛШ, претходно во август 2020. На Руд ван Нистелрој (девет, од септември 2002 до април 2003) и на Кристијано Роналдо (11 од јуни 2017 до април 2019) тоа им успеало по еднаш. Баерн не е поразен на 21 меч на гости во ЛШ од 2017, па наваму (17 победи и четири ремија). Левандовски годинава, како и лани, го доби и признанието „Златен играч“ (за играчи над 21 година), што го доделува италијанскиот спортски весник „Тутоспорт“.


Резултати, ЛШ, 5.коло

ГРУПА Е: Барселона – Бенфика 0-0, Динамо К. – Баерн 1-2.
ТАБЕЛА: Баерн 15, Барселона 7, Бенфика 5, Динамо К 1 бод
Последно, 6.коло (8.12.): Баерн – Барселона, Бенфика – Динамо К.
ГРУПА Ф: Вилјареал – Манчестер Ј. 0-2, Јанг бојс – Аталанта 3-3
ТАБЕЛА: Манчестер Ј. 10, Вилјареал 7, Аталанта 6, Јанг бојс 4
Последно 6. коло: Манчестер Ј.- Јанг бојс, Аталанта – Вилјареал
ГРУПА Г: Лил – Салцбург 1-0, Севилја – Волфсбург 2-0.
ТАБЕЛА: Лил 8, Салцбург 7, Севилја 6, Лил, Волфсбург 5
Последно, 6.коло: Салцбург – Севилја, Волфсбург – Лил
ГРУПА Х: Челси – Јувентус 4-0, Малме – Зенит 1-1.
ТАБЕЛА: Челси и Јувентус по 12, Зенит 4, Малме 1 бод
Последно, 6. коло: Јувентус – Малме, Зенит – Челси

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com