Белградска Црвена Звезда уште пред неполн месец официјално се круниса за старо-нов првак на Србија, шести пат по ред, а оваа титула им донесе и директен пласман во Лигата на шампионите, па синоќа на белградски „Рајко Митиќ“ спектакуларно беше прославена круната.
Со пиротехнишко шоу на навивачите Делии на три трибини со факли, огномет, чадни бомби, се направи исклучителен амбиент кој веројатно ќе влезе како еден од најдобрите перформанси на навивачите на црвено-белите во оваа година.