8 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

ЦУК: Монтираните судења не треба да им се дозволи да ја уништат судбината на невини индивиди и демократското општество

Најчитани вести

Вчера, на 2 февруари 2021 година, на барање на Центарот за Управување со Кризи, се одржа состанок со раководството на овој центар, составен од директорот и заменик директорот, Стојанче Ангелов и Екрем Зендели, присутни во кој беше и началникот на Кабинетот на Центарот, Ферик Белули и шефот на протоколот.

На состанокот се разговараше за состојбата на кризата прогласена од државните институции како резултат на справување со глобалната пандемија на КОВИД-19, како и за меѓуинституционалната соработка во итни ситуации како што се земјотреси, поплави, пожари, итн.

Исто така, се поздравуви вистинската соработка и поддршка што институцијата ИВЗ ја обезбедува за благосостојбата на населението во РCМ за време на кризни ситуации, како и помошта што таа и ја дава на државните институции за справување, што е можно поуспешно, со вакви ситуации и во интерес на мирот, стабилноста и социјалната благосостојба.

Во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, како што е РСМ, толеранцијата, соработката и меѓусебното почитување е основа врз која мора да се гради заедничката демократска држава на законот и редот, каде што правата и слободите на секој граѓанин мора да бидат загарантирани, без оглед на националноста или верската припадност.

Судските процеси поставени на етничка или верска основа не смеат да бидат дозволени да ги уништуваат судбините на невините индивидуалци и на демократското општество како целина.

Правото на протест и изразување на слободна мисла се демократски вредности и непобитен дел од основните права на човекот, општеството и индивидуата. Затоа, треба да се осуди секоја тенденција да овие права се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации.

Во исто време, нагласуваме за јавноста дека националните и историските вредности, како што се оние на ОВК – Национално Oслободителна Aрмија – или други организации, не биле, и не можат да бидат тема на разговорот на оваа средба. Обидот да се земе дел од оваа средба надвор од контекст е пристрасно и злонамерно. Ова што го зборуваме го потврдува дистанцирањето на директорот на Центарот за управување со кризи во синоќешните вести на ТВ Сител и во неговиот личен профил на Фејсбук.

Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoven договор, kој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести