10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Црн биланс: 75.000 банкари остануваат без работа

Најчитани вести

Соопштението на „Уникредит групација“ за укинување на 8.000 работни места ја надмина бројката од 75.000 отпуштања, што банките ќе ги поделат во текот на следните неколку години. Од овој број, дури 83 проценти се во Европа.

Тие бројки ја истакнуваат слабоста на европските банки кои работат во економии ориентирани кон извоз. Поради тоа, банките се наоѓаат во голема неволја поради тековните меѓународни економски превирања, јави Блумберг.

„Уникредит“ објави дека следниот круг отпуштања ќе покрие една милијарда евра во бруто-трошоците.

Сепак, на врвот на списокот се најдоа банки во Германија, чиј банкарски пазар се покажа како најранлив во Европа. Најголем број отпуштања е најавено од Дојче банка, која планира да отпушти 18.000 работници во текот на следните две години, со цел да се опорави од големите инвестиции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com