3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Црногорците пронајдоа нафта

Најчитани вести

Извесно е дека во реонот на црногорското крајбрежје има одредено количество на нафта, изјави црногорскиот министер за капитални инвестиции , Младен Бојаниќ.

Cпоред него, најдоцна до крајот на оваа година ќе се знае во колкави количини има нафта и колку е економски исплатливо нејзиното копање и експлоатирање.

Црногорскиот министер оцени дека очекувањата биле дека информациите за наоѓалиштата на нафта и гас ќе бидат познати во септември или октомври, но роковите се одложени поради барањето на истражителите на нафтата дополнително обезбедување на наоѓалиштето.

„Според последните информации завршено е таканареченото цементирање на отворите, а во следните седум до 15 дена ќе се влезе во формацијата што содржи нафта. Останува прашањето да се види колку тоа ќе биде комерцијално исплатливо“, изјави Бојаниќ.

Според него, тоа е нешто што ќе го оцени конзорциумот што врши истражувањето.

„Нафта сигурно има, но во колкави количини ќе знаеме само кога ќе заврши овој дел од работата. Очекуваме дека најдоцна до крајот на годината ќе имаме прецизни информации “, изјави црногорскиот министер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com