11.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Црногорците најчесто земаат државјанство на Германија и на Холандија

Најчитани вести

Лицата кои се откажуваат од црногорско државјанство најчесто земаат државјанство на Германија, Холандија, Норвешка, Словенија, Босна и Херцеговина, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

Оваа година, од јануари до крајот на октомври, 238 лица се откажале од црногорското државјанство.

Од 2006 година, на 2.784 Црногорци им е одобрено откажување од државјанството на лично барање, најголем дел од нив во 2018 година, соопшти МВР.

Како што се наведува, граѓанин на Црна Гора треба да плати административна такса од 300 евра за откажување од државјанство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com