17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Црногорскиот претседател Ѓукановиќ во официјална посета на Косово

Најчитани вести

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе денеска ќе биде во прва официјална посета на Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ѓукановиќ во Приштина ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Црногорскиот претседател уште пред два месеци најави дека планира да ја посети соседната држава.

Тој во интервју порача дека „преку јакнењето на меѓусебното разбирање ќе расте и квалитетот на соработката меѓу земјите од регионот, што ќе влијае и на зголемувањето на квалитетот на регионалната соработка и стабилност и на европската перспектива на регионот”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com