-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Црногорската опозиција поднесе барање за недоверба на владата

Најчитани вести

Пратениците од црногорската опозиција поднесоа во собраниска процедура иницијатива за изгласување недоверба на Владата. „Како што беше најавено, 40 пратеници од опозицијата поднесоа барање за недоверба на 42 влада. Очекуваме поддршка од убедливото мнозинство пратеници“, напиша на Твитер пратеникот и претседател на Социјалдемократската партија (СДП) Рашко Коњевиќ.

Во Црна Гора се шпекулира за можноста за формирање малцинска влада составена од УРА на Дритан Абазовиќ, која во парламентот би била поддржана од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ. Црногорскиот претседател и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ, рече дека има две решенија за актуелната политичка ситуација – избори или политичка влада – и ги отфрли шпекулациите дека условот за формирање малцинска влада е да се повлече од лидерската позиција на партијата и дека од него тоа го побарала меѓународната заедница.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com