0 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Црногорската војска ќе биде распоредена на границите поради илегалните мигранти

Најчитани вести

Црногорскиот Совет за одбрана и безбедност, со кој заседаваше шефот на државата Мило Ѓукановиќ, на денешната седница донесе одлука за ангажирање на припадниците на Војската на Црна Гора во заштита на државната граница од илегални мигранти до крајот на 2020 година, како поддршка на полициските сили.

На седницата на која учествуваа и членовите на Советот, претседател на парламентот Иван Брајовиќ и премиерот Душко Марковиќ донесена е и Одлука за учество на припадниците на војската на Црна Гора на меѓународните вежби во следната година. Црногорската војска следната година ќе упати свои припадници на седум меѓународни вежби. Одлуката е донесена врз основа на преземените обврски како членка на НАТО, процесот на пристапување кон ЕУ, регионалните иницијативи, планови за билатерална соработка и потребите на Војската за одредени обуки и вежби со цел натамошно развивање на воените способности.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести