2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Црногорската влада се согласи да формира нова авиокомпанија

Најчитани вести

Владата на Црна Гора на денешната седница донесе одлука за формирање нова авиокомпанија „To Montenegro“.

Во соопштението на Владата се вели дека четири милиони евра се веќе издвоени и платени од буџетот за формирање на компанијата.

Министерството за финансии и социјална заштита е одговорно за исплата на основниот капитал, утврден со одлуката, во согласност со расположливоста, од тековните резерви на буџетот во една или повеќе транши во рок од 12 месеци од денот на регистрација на компанијата, пренесува РТЦГ.

Во декември лани црногорската влада одлучи дека ќе ја згасне националната авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“, која со години работеше со загуба и истовремено најави дека ќе формира нова компанија.

Црна Гора ја формираше „Монтенегро ерлајнс“ во 1994 година додека беше во заедничка држава со Србија, а првиот лет беше извршен во 1997. Флотата  ја сочинуваа три авиони од типот ембраер 195 и еден фокер 100, а во компанијата беа вработени нешто повеќе од 300 луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com