2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Црниот пантер за прв пат ја отвори вратата од нејзиниот дом, a можеби никогаш не сте виделе нешто посовршено

Најчитани вести

– Не сакате да бидете на телефон и не сакате да гледате телевизија. Само сакате да читате и да бидете сами. Убаво е да се слуша само тишината и свиркањето на штурците – објасни убавицата

50-годишната Наоми Кембел ја отвори вратата на нејзиниот рај во Кенија, кој го одзема здивот.

Погледот на неверојатниот имот и просториите на отворено ги полуде сите што погледнаа барем дел од видеото направено ексклузивно од списанието Architectural Digest.

По посетата на Малинди во Кенија во текот на 90-тите години, Наоми, која потоа доминираше на модните писти носејќи брендови како Шанел, Вивиен Вествуд и Версаче, беше воодушевена од местото.

Не размислуваше многу, па купи идилична вила во споменатиот заспан приморски град, што ја користи за нејзино бегство и одмор повеќе од 20 години.

– Тоа е многу смирувачко место – рече поранешната манекенка во интервју за мајското издание на списанието.

– Не сакате да бидете на телефон и не сакате да гледате телевизија. Само сакате да читате и да бидете сами. Убаво е да се слуша само тишината и свиркањето на штурците – објасни таа.

Наоми истакна дека сака да задржи што е можно поавтентичен мебел во куќата.

„Всушност, порано имавме работилница во задниот дел од куќата“, откри таа и посочи дека всушност има покрив над главата, но сè е исто така под отворено небо.

Како што рече Наоми, таа најмногу сака да доаѓа во Африка во посебен период од годината.

– Прекрасно е да отидеш во јули. Сите животни преминуваат од Кенија во Танзанија и гледате сè. Неверојатно е. Тоа е како National Geographic да заживува пред вас – истакна убавицата за Architectural Digest.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com