17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Црна Гора со опција целосно да ги затвори границите

Најчитани вести

Државниот секретар на Министерството за здравство на Црна Гора, Борко Бајиќ изјави дека целосен карантин е опција за која сериозно разговараат во Институтот за јавно здравје, но дека оваа одлука не може да се донесе без проценка на други релевантни институции, пред се на Министерства за економија и финансии.

Тој за ТВЦГ изјави дека со епидемиолошка проценка на ризик, најдобро е да се затворат границите кон околните земји.

Според него, постојат неколку можности да се задржи сообраќајот преку границата, со т.н. Ковидни пасоши, односно потврди дека некој е вакциниран, како и негативен ПЦР-тест како гаранција дека некој не бил инфициран ско вирусот во последните 72 часа.

Бајиќ рече дека земјите што воведоа целосно заклучување успеаја да ја намалат стапката на нови случаи, но дека таквиот тренд трае неколку месеци. Одлуката за таков режим, како што оцени, не е лесна за донесување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести