23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Црна Гора продолжува со вакцинацијата со „астра зенека“

Најчитани вести

Во Црна Гора ќе продолжи имунизацијата со вакцината на „Астра зенека“ и засега нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и смртта на пациент постар од 80 години и со хронични болести, објави црногорското Министерство за здравство.

Комисијата на Институтот за јавно здравје за анализа на несакани настани по вакцинирањето ја испитува можноста за поврзување на споменатата смрт со бројни здравствени ризици и придружни болести што може да резултираат во ненадејна смрт, со примањето вакцина на „Астра зенека“, се наведува во објавата.

„Засега нема поврзаност со вакцинацијата. Додека не се докаже јасна врска, вакцинацијата ќе продолжи“, соопшти Институтот, објави порталот РТЦГ.

Европската агенција за лекови на 18 март објави дека вакцината на „Астра зенека“ е безбедна и ефикасна и дека е потребно да се продолжи со имунизацијата со оваа вакцина, како што претходно објави Светската здравствена организација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести