-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Црна Гора: Пекарниците престанаа да носат леб во маркетите

Најчитани вести

Здружението на пекари на Црна Гора, кое има околу 400 членови – пекари, ја запре испораката на леб и другите пекарски производи до трговските синџири.

Причина за овој потег се високите маржи на трговците, кои некаде се и до 40 отсто, кажа Светозар Радонјиќ, претседател на Здружението.

Маржата пред 15-тина години беше 5 отсто, а сега е 40 отсто. Поради тоа ние не можеме да го одржиме производството. Ако маржата се намали, цената на белиот леб би се задржала на 50 центи, велат од Здружението.

Од Министерството за економски развој на Црна Гора велат дека цената на векна бел леб е ограничена на 50 центи за да се заштити стандардот на граѓаните. Владата им препорача на трговците маржа не поголема од 17 отсто за векна леб, обезбедување на плаќањетово период не подолг од 30 дена и континуирано снабдување.

Од друга страна, граѓаните очекуваат да престане натамошното поскапување на основните животни намирници, пренесуваат црногорските медиуми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com