Црногорската министерка за здравство Јелена Боровиќ-Бојовиќ изјави дека заштитните маски нема да бидат задолжителни во училиштата, трговските центри и спортските сали, туку ќе бидат само препорака.
Како што рече, од четврток, кога ќе бидат објавени новите мерки, маските ќе бидат задолжителни во здравствените установи, колективното сместување и јавниот превоз.
Министерката рече дека епидемиолошката состојба е многу поповолна, но граѓаните треба да бидат внимателни.
„Короната неколку пати непријатно нè изненади. Состојбата во моментов е поволна и стабилна. Имаме значителен пад на бројот на пациенти на дневна основа и пад на хоспитализирани“, рече Боровиќ-Бојовиќ и додаде дека училишниот час ќе продолжи да трае 30 минути, јавува Радиотелевизија Црна Гора.