20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Црна Гора има најевтини горива во регионот

Најчитани вести

Еуросупер 95 во Црна Гора е најевтин меѓу земјите од регионот, додека цената на еуродизелот е меѓу најниските, покажуваат податоците на црногорското Министерството за капитални инвестиции, пренесува Мина.

Според податоците од новиот Билтен на Министерството за цените на нафтените деривати, литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,45 евра.

Во Албанија може да се купи за 1,78 евра, 1,64 евра во Хрватска, 1,62 евра во Србија, 1,6 евра во Босна и Херцеговина и 1,55 евра во Северна Македонија.

Најскап еуросупер 95 во Европа плаќаат граѓаните на Данска, 2,22 евра, а најевтиниот е во Унгарија, 1,29 евра.

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,55 евра, исто како и во Северна Македонија. Во Албанија може да се купи за 1,9 евра, во Хрватска 1,86 евра, во Србија 1,83 евра и во БиХ 1,69 евра.

Граѓаните на Шведска за најскапиот еуродизел во Европа плаќаат 2,37 евра, а на Малта за најевтиниот 1,21 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com