1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Црна Гора за ПЦР тестови за туристите потрошила околу 30.000 евра

Најчитани вести

Од почетокот на јуни до крајот на минатата недела, Црна Гора потрошила околу 300.000 евра за бесплатно ПЦР-тестирање на туристите кои престојуваат во државата, објави весникот „Вијести”.

Според црногорскиот Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од почетокот на јуни до 2 јули биле извршени 5.689 ПЦР-тестови врз странски државјани во Црна Гора, кои чинеле околу 50 евра.

Помалку од еден процент од тестираните биле позитивни, односно Ковид-19 е регистриран кај 44 лица.

ИЈЗ не одговори на прашањата колку позитивни туристи биле хоспитализирани, дали и колку од нив барале лекување во здравствени домови и болници, колку биле тестирани и колку биле позитивни во општините.

Според податоците на Националната туристичка организација, на 5 јули во Црна Гора имало околу 62.000 туристи, што е деветпати повеќе од лани во истиот период, и 70 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести