10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Црна Гора го укина дигиталниот ковид – сертификат

Најчитани вести

Поради подобрата епидемиолошка состојба во Црна Гора, дигиталниот ковид – сертификат веќе нема да биде потребен како услов за влез во трговски центри, деловни објекти и продавници кои имаат над 1.000 квадратни метри, изјави денеска директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ.

Тој рече дека бројот на нови случаи во последните две недели, од 23 септември до 6 октомври, е намален за 40 проценти во споредба со претходните две недели.

„Бројот на хоспитализирани на 5 октомври е за 11 проценти помал отколку на 9 септември. Во последните две недели, вкупниот број смртни случаи е околу 18 проценти помал од вкупниот број смртни случаи во претходните две недели“, рече Галиќ.

Галиќ рече дека во согласност со очекувањата дека Црна Гора ќе се приклучи на дигиталниот ковид – сертификат на ЕУ, времетраењето на изолацијата се скратува од 14 на 10 дена.

Дигиталниот сртификат содржи податоци за вакцинација, за резултати од ПЦР или брз тест како и податоци за тоа дали лицето прележало коронавирус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com