9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Црна Гора ги чести вакцинираните: За постарите од 50 години по 50 евра

Најчитани вести

Владата на Црна Гора ќе додели ваучер за туризам во износ од 50 евра на сите граѓани постари од 50 години кои ја примиле првата доза на вакцината во текот на месец јули, соопшти Министерството за економски развој.

Од овој ресор, објаснија дека од крајот на јули, носителите на ваучери ќе добијат СМС со порака со назнака каде и во кој временски период можат да го користат ваучерот, како и детали во врска со резервации во хотели, пишува „Вијести“.

„Во оптек се хотелите во Улцињ и ривиерата Будва, како и Институтот Симо Милошевиќ, кој ќе ги направи достапни своите сместувачки капацитети од крајот на август, а корисниците на ваучери ќе добијат двоноќна услуга на база на полупансион, “се вели во соопштението.

Тие посочија дека само носителите на ваучери ќе можат да го користат сместувањето во хотелот.

Тие апелираа до граѓаните да ја разберат важноста на вакцинацијата и да дадат свој придонес во овој процес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести