17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Црна Гора бара итна помош во персонал од земјите на ЕУ и НАТО

Најчитани вести

Црна Гора побара од Европската унија и НАТО итна помош во здравствените работници, кои ќе им помогнат во борбата против коронавирусот, бидејќи, како што рече црногорскиот министер за надворешни работи, Ѓорѓе Радуловиќ, нивниот здравствен систем е пред колапс.

Во писмо до колегите во земјите-членки на ЕУ, Радуловиќ побара, доколку се во можност, итно да испратат лекари, техничари и друг медицински персонал во Црна Гора, пишува „Побједа“ од Подгорица.

Според весникот, Владата не ја известила црногорската јавност за овој апел до Европската унија.

Поддршката се бара во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со цел да се стави под контрола епидемијата во Црна Гора.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести