15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Црната кутија ќе биде задолжителна во автомобилите во ЕУ од следната година

Најчитани вести

Од следната година, задолжително во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде поседувањето т.н црна Кутија, а од 2024 година, црна кутија ќе мора да имаат и сите регистрирани возила.

Црната кутија е уред што треба да открие до најмали детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.

Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во експертизата од несаканите дејствија, објавија медиумите во регионот.

– Црната кутија ќе послужи за да добиете информации за брзината со кое возилото се движело пет секунди пред судирот, однесувањето на возачот, дали тој закочил, дали имал манипулации со воланот и во колкав процент, колкав е бројот на вртежи на возилото итн – објаснува Жељко Шариќ од Лабораторијата за сообраќајно-техничко вештачење на Факултетот за наука во сообраќајот.

Иако многумина не знаат, црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, некои нови возила веќе ја имаат истата.

Обично се наоѓа помеѓу седиштата на возачот и совозачот во модулот за воздушни перничиња.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести