1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Цревна зараза се шири во Гостиварско, дневно по 50 деца завршуваат во болница

Најчитани вести

Лекарите на детското одделение во гостиварската болница не можат глава да кренат од работа, бидејќи дневно им доаѓаат од 50 до 70 деца – главно сите од регионот на Општина Врапчиште и сите со исти симптоми: повраќање, дијареа, стомачни тегоби и температура, пишува порталот „ГостиварПрес“.

Засега сè уште не е утвредена причината за цревната зараза и дали се работи за вирусна или за бактериска инфекција, но од Центарот за јавно здравје во Гостивар потврдија дека вонредно се прават анализи на водата за пиење во околината на Општина Врапчиште и дека комплетните резултати ќе се знаат наредните денови.

Раководителот на детското одделение во болницата во Гостивар, Ферит Муча, во изјава за „ГостиварПрес“ вели дека освен децата, исти симптоми имале и нивните родители.

– Изминатите 5 дена имавме зголемен број на пациенти со цревна инфекција, а поголемиот дел од нив доааа од селата во Општина Врапчиште. Сите пациенти повраќаа, имаа покачена температура и течна столица. Дневно беа третирани од 50 до 70 деца. По примената инфузија со одредена терапија, пациентите ги препраќавме на домашно лекување, а мал дел од нив се задржани во болница. Добивмe информација дека и родителите на децата со исти симптоми барале помош на Инфективното одделение, што значи дека фамилијарно заболеле. Информирана е епидемиолошката служба, тие беа на нашето одделение, задоа податоци и останува да преземат мерки да видат за каква зараза станува збор – изјави Муча.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести