17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Црвениот крст ќе го одбележи Денот на крводарителството

Најчитани вести

По повод 17 март, Ден на крводарителството во Република Северна Македонија денеска во Скопје ќе се одржи свечен настан во организација на Црвениот крст.

– Доброволното крводарителство во нашата земја има за цел да се мотивираат што поголем број на луѓе доброволно да даруваат крв која е неопходна за лекување на болните и повредените. Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност и има воспитно значење кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест, наведуваат од Црвен крст на Република Северна Македонија.

На настанот, посочуваат, ќе присуствуваат претседателот на Црвениот крст Ромел Велев, генералниот секретар на Црвен крст Саит Саити и министерот за здравство Беким Сали.

– Во знак на благодарност министерот Сали ќе ги врачи признанијата на 16 општински организации на Црвениот крст кој го исполнија планот за крводарувањето во 2021 година, најавуваат од Црвениот крст.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com