Home » Ципрас реизбран за лидер на СИРИЗА

Ципрас реизбран за лидер на СИРИЗА

by Журнал.мк

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, за време на вчерашните партиски избори, беше реизбран за претседател на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас немаше против кандидат, а по завршувањето на гласањето, кое поради големиот интерес беше продолжено за еден час, лидерот на опозициската партија се осврна на масовното учество во процесот, посочи дека биле вклучени над 110.000 нови членови и дека беше направен „голем, значаен и решителен чекор за одново да се врати надежта во земјата“.

-СИРИЗА, со 30.000 членови, во минатото победи во три круга избори. СИРИЗА, со 172.000 членови денес, сигурно ќе биде првата партија со разлика на следните избори, тогаш кога господинот Мицотакис ќе реши да распише избори – истакна Ципрас.

Додаде дека СИРИЗА стана „најмасовната партија со активни членови во Грција и една од најмасовните партии на левицата во цела Европа“, што според него е „исклучително важен успех“.

Освен за претседател, членовите на СИРИЗА гласаа и за членови на Централниот комитет на партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk