Home » Ципрас предлага парламентарна комисија за транспарентност на средствата од Фондот за закрепнување

Ципрас предлага парламентарна комисија за транспарентност на средствата од Фондот за закрепнување

by Журнал.мк

Предлог до претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас, за формирање специјална меѓупартиска парламентарна комисија за транспарентност, надзор, контрола и континуирано оценување на начинот на финансирање, начинот на спроведување и текот на реализацијата на средствата од Фондот за закрепнување, достави лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас , јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, како што објави на социјалните мрежи, стапил во контакт со Тасулас и го информирал за неговиот предлог што има за цел „транспарентност во управувањето си средствата“.

-Фактот што Владата на Мицотакис со карактеристична нетранспарентност управува со јавните финансии, во комбинација со фактот дека овие европски програми го надминуваат мандатот на една влада, императив е потребата да постојат институционални секции во насока на транспарентност, отчетност и гаранции за безбедно, социјално праведно и национално корисно користење на европските ресурси, напиша Ципрас на Фејсбук.

Додаде дека „не е случајно што слични иницијативи постоеја и на ниво на Европскиот Парламент“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk