19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Цеца ја откри најголемата тајна на синот Вељко: „Пишува песни, но не сака да ги објави!“

Најчитани вести

Светлана Цеца Ражнатовиќ настапи во „Топ Хил“ пред повеќе од пет илјади луѓе кои до раните утрински часови на глас ги пееја нејзините најголеми хитови. После двочасовниот спектакл, фолк дивата била расположена, а на шегата на Црногорците дека летната сезона кај нив трае од првиот нејзин настап во „Топ Хил“ до вториот, задоволно се смешкала.

„Тоа е огромна чест за мене. Траам повеќе од три децении и имам огромна кариера. Не сум некоја која се фали, но фактите тоа го покажуваат. Луѓето ме сакаат, каде и да настапувам се тука до мене, а тоа ми е огромен комплимент“, рекла пејачката за „Еспресо“.

Кариерата на Анастасија напредува со неверојатна брзина. Дали очекувавте ваков успех?

– Да, јас првенствено сум и мајка, а секоја мајка му посакува успех на своето дете. Таа е позрела од своите врсници, и таа и Вељко растеа со мојата кариера и свесни се што носи јавната работа. Мислам дека израснаа во добро воспитани луѓе, дека се стабилни и зрели. Секој го избра својот пат, ниту Анастасија е Цеца, ниту пак Вељко е Жељко, секој има свој идентитет.

Сметаш ли дека Анастасија може да ја надмине твојата кариера?

– Тоа е и поентата, секој родител сака детето да биде поуспешно од него.

Анастасија веќе не живее под ист покрив со вас?

– Ние имаме еден посебен однос и супер функционираме. Јас ја посетувам, преспивам кај неа, таа кај нас и воопшто не се чувствува нејзиното отсуство.

Анастасија напиша песна за себе, дали можеби размислува да напише нешто и за вас?

– И двајцата пишуваат. Вељко има голем број на песни, дури има и снимени кои не сака да ги објави. Тоа се рап песни за кои го има направено и текстот и музиката, но тоа е нешто приватно кое сака да го зачува за себе. И двајцата се талентирани за музика./skopje24.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com