-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Цеца стави точка на шпекулациите за Брена – Таа не беше ни поканета!

Најчитани вести

Околу свадбата на Вељко и Богдана Ражнатовиќ се уште се крева медиумска прашина, а Цеца одлучи да стави точка на шпекулациите кои се однеусваат на неприсуствувањето на Лепа Брена на свадбата.

Брена на тој ден беше во Монако, при што и на фановите им се пофали од одморот поставувајќи слики на нејзиниот Инстаграм профил. Во медимите така започнаа да кружат гласини дека таа отпатувала само за да не биде на веселбата на Цеца. Но вистината е дека Брена не била ни повикана на венчавката, што го потврди и самата Цеца.

– Нема причина да се прави драма каде што ја нема, жената не беше ни повикана, тоа се само грозни шпекулации, објасни Цеца.

Оваа ситуација е крајно логична поради случувањата, со оглед на тоа што Цеца не беше повикана на венчавката на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ минатата година.

Инаку, Цеца и Брена никогаш не биле блиски./slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести