25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Цеца го смислила овој детаљ за свадбата на синот- кога им предложила на Богдана и Вељко останала во неверување од нивната реакција

Најчитани вести

Богдана Родиќ и Вељко Ражнатовиќ ќе се венчаат на 24 ноември а истиот ден ќе се одржи и свадбата во еден белградски луксузен ресторан.

Како што пренесува српски „Блиц“ мајката на Вељко, Цеца смислила детаљ кој веднаш им се допаднал на младенците.

-Цеца им предложила да изнајмат луксузен автомобил „Ролс ројс“ и тоа да биде невестинскиот автомобил. Со него Вељко би отишол по невестата, а потоа заедно би оделе на венчавка во црква, а потоа и во ресторанот каде ќе се одржи венчавката. Кога Цеца им го соопштила ова младенците биле воодушевени така што брзо се договориле. Цеца им препуштила на синот и снаата да го одберат моделот од овој луксузен автомобил кој ќе биде олд тајмер, вели изворот за „Блиц“.

Инаку свадбата на синот на Цеца се очекува да биде една од најгламурозните во изминатиов период, а на неа ќе присуствуваат околу 500 гости./kurir.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести